По кратко и тешко боледување вчера во Скопје на 71-годишна возраст почина долгогодишниот спортски новинар Драган Видиниќ.
Видиниќ во својата новинарска кариера во домашните спортски кругови најпрепознатлив беше по работата во спортскиот весник „Македонски спорт“ во периодот од неговото основање, па се до 2008 година.
Во својата професионална кариера работеше и за спортскиот магазин „Топ Спорт“, како и за дневниот спортски весник „Спорт прес“.
Ќе остане запаметен како новинар кој пред се го следеше македонскиот фудбал, издвојувајќи се како страстен негов промотор, а извесен период во својата кариера беше и дел од стручните комисии во Фудбалската федерација на Македонија.