Македонскиот троец во тимот на Борац Бања Лука, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и колумбиецот со наш пасош Себастиан Херера се вратија во сериозна игра за титулата во БИХ шампионатот.
Обезбедена е изминатиов викенд клучна победа на гостински терен против Зрински на гостински терен со 0:1, со што Борац се изедначи бодовно на врвот на табелата.
Иако пред викендот Зрински веќе имаше императив пред себе и правеше атмосфера на победа, сепак, тимот кој што одигра маестрално во Европа сезонава, и во Лигата на Конференции мина неколку елиминациони кола, одигра најдобро што може и ги освои трите гостински бода.
Со тројцата наши интернационалци во стартниот тим, со Шишковски на голот, Николов во средината на теренот, и Херера по левата страна, Борац успеа на најдобар можен да се врати во игра за титулата, а сега што се вели се е можно.