НХЛ: Русинот Овечкин го собори историскиот рекорд на Вејн Грецки (ВИДЕО)

59

Рускиот хокеар Александар Овечкин (39) го собори рекорд за кој се мислеше дека никогаш нема да биде соборен. Овечкин стана најдобар стрелец во историјата на НХЛ со својот 895 гол во најсилната хокеарска лига во светот во дресот на Вашингтон Капиталс.

На овој начин тој го собори рекордот на најдобриот хокеар во историјата, Вејн Грецки, кој беше во публиката и му аплаудираше на Русинот за овој успех.

Она што е особено интересно е што Грецки во кариерата одиграл 1.487 натпревари, а синоќа Овечкин го одигра точно 1.487. меч и го надмина легендарниот Канаѓанец за еден гол.

ПретходноАртета: Натпреварот со Реал е најголемиот во мојата кариера
СледноРФМ одреди висока парична награда за ракометарките за пласман на СП 2025