Претседателот на Торино за Елмас: Ќе се обидеме да го задржиме!

252

Претседателот на Торино, Урбано Каиро, по вчерашниот нов гол на Елиф Елмас во дресот на составот на „биковите“, одговараше на новинарски прашања во врска со иднината на македонскиот репрезентативец во дресот на Торино. Елмас е вистинско освежување за Торино оваа пролет, а со неговите голови успеа да ги врати насмевките кај фановите на тимот.

На прашањето дали Торино ќе се обиде да го задржи Елмас и следната сезона, Каиро изјавил: „Ќе се обидеме. Да го завршиме првенството и потоа ќе видиме“.

17-те милиони евра потребни за да се обезбеди договорот на крилниот напаѓач кој во моментов е на позајмица од Лапциг со право на откуп се сериозна сума за која Торино треба сериозно да размисли. Торино има добри релации со германскиот тим и сигурно ќе се обиде да ја намали цената. Ако тоа се случи, Торино секако дека ќе сака да го има Елмас во тимот и за следната сезона.

ПретходноРФМ одреди висока парична награда за ракометарките за пласман на СП 2025
СледноНема од каде нѐ го избркаа: Јуриќ доби отказ и во Саутемптон