РФМ одреди висока парична награда за ракометарките за пласман на СП 2025

84

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија денеска донесе одлука за доделување на парична награда за женската ракометна сениорска репрезентација на Македонија за евентуален пласман на СП 2025.

Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда за сениорска репрезентација за евентуален пласман на претстојното светско првество во висина од 1,5 милион денари.

Македонија во средба ќе го одигра првиот бараж меч со Полска на гостински терен, а во сабота во Битола ќе биде на програмата и реванш мечот, по кој ќе се знае дали нашите девојки ќе заиграат на Светското првенство на крајот на годинава.

ПретходноНХЛ: Русинот Овечкин го собори историскиот рекорд на Вејн Грецки (ВИДЕО)
СледноПретседателот на Торино за Елмас: Ќе се обидеме да го задржиме!