20-годишен навивач на Манчестер Јунајтед е уапсен вчера по дербитос о градскиот ривал Сити затоа што му удрил шлаканица на фудбалерот на „граѓаните“, Џек Грилиш. До инцидентот дошло по мечот, откако Грилиш одговорил на повиците на навивачите на Јунајтед да дојде на нивната трибина „Стретфорд Енд“, а потоа бил нападнат од еден од фановите на домашните.
Навивачот Алфи Холт го удил во лицето Грилиш, по што беше отворена полициска истрага.
Холт набрзо бил уапсен и ќе се појави пред Судот на Манчестер во јули. Грилиш не е тешко повреден, но овој инцидент се третира како физички напад.