Се играше 46.минута или првата од второто полувреме, кога Никола Влајковиќ, дефанзивецот на Струга ТЛ постигна убав гол и успеа на својот тим да му донесе водство од 2:1. Потоа беше се полесно за стружани кои имаа и играч повеќе од Пелистер. До крајот на средбата Шабани и Кехинде, негов втор гол, обезбедија убедлива победа на составот на стратегот Илчо Ѓорѓиоски.
Убаво беше да се види радоста на стружани, а посебно на Влајковиќ по неговиот гол. Треба да се каже дека Србинот со својата сопруга го чека своето второ дете.
Исто така треба да се каже дека Струга ТЛ одигра навистина добро, победи со 4:1 и секако дека добро се “загреа“ за првиот полуфинален меч од Купот на Македонија со Шкендија на гости, кој се игра веќе во среда.