Болоња го „сопна“ Наполи и му направи услуга на Интер

102

Екипите на Болоња и Наполи ремизираа со 1:1 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Со киксот на Интер и ремито против Парма во саботата, Наполи имаше шанса да им се приближи на „нероаѕурите“ на само еден бод, но Болоња ги спречи наполитанците во тоа.

Резултатот го отвори Замбо Ангиса во 18-тата минута и му донесе водство на Наполи. До крајот на натпреварот немаше многу шанси и кога сите мислеа дека Наполи ќе стигне до нови три бода и ќе му се приближи на Интер во трката за титула, Ндоје постигна погодок за изедначување на домашниот тим.

Со ова реми Болоња се зацврсти на 4-тата позиција на табелата со 57 бода, а Наполи се наоѓа на второто место со 65 бодови.

ПретходноБрентфорд ја отвора вратата за враќање на Ериксен
СледноЊукасл на Лестер му го покажа патот кон Чемпионшип