РБ Лајпциг се откажа од „дијамантот“: „Биковите“ договориле ново име на местото на Елмас

828

Германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг веќе си договорил ново засилување на позицијата на која игра нашиот Елиф Елмас, што индиректно покажува дека Германците очигледно за следната сезона нема да сметаат на нашиот репрезентативец кој игра како позајмен во Торино.

Според новинарот Флоријан Платенберг, РБ Лајпциг го купи Езекиел Банзузи од екипата на Лувен од Белгија. Банзузи веќе поминал лекарски прегледи во Германија и наскоро ќе стане играч на Лајпциг со кого ќе потпише договор до летото 2030 година. Германскиот клуб за него ќе плати 16 милиони евра.

Ова отвора голема шанса Торино да ја намали бараната цена за откуп на договорот на Елмас (17 милиони евра) и од јули да го има нашиот репрезентативец како нивен фудбалер за следната сезона.

ПретходноУапсен навивач на Манчестер Ј. кој го „шамарал“ Џек Грилиш на „Олд Трафорд“
СледноКонате бара трипати поголема плата за да остане во Ливерпул