Њукасл на Лестер му го покажа патот кон Чемпионшип

78

Со убедливи 3:0, екипата на Њукасл се враќа од гостувањето кај Лестер во последниот меч од 31. коло во англиската Премиерлига. Гостите покажаа дека се класа-тим за домашните и за неполни 10 минути го решија мечот.
Со двата гола на марфи во 2. и 10. минута веќе водеа со 0:2, а во 34. минута и Барнс се запиша меѓу стрелцита за конечни 0:3.

Во вториот дел лестер само привидно се обидуваше да се врати во игра, но Њукасл искусно ја сочува предноста. Со оваа победа „страчките“ се израмнија со Челзи на делба на 4. место на табелата, додека Лестер и натаму е чекор поблиску до испаѓање во Чемпионшип.

ПретходноБолоња го „сопна“ Наполи и му направи услуга на Интер
СледноТандемот на Сакраменто до броеше до 80 (ВИДЕО)