Рајс го “торпедираше“ Реал, ама погледнете кој “диригираше“ од клупата на Арсенал и не е Артета! (ВИДЕО)

2466

Познато е дека Арсенал го има најдобриот напаѓачки прекин. Дали од корнер, дали од слободен удар, момците на Микел Артета се фантастични.

Тоа вечерва најубаво го докажа Деклан Рајс со два фантастични гола од слободни удари а на голот на Реал беше Куртоа.

Секако дека Рајс е најзаслужен, но голема заслуга за овие два гола вечерва има помошникот на Артета, Николас Жовер. Имено пред двата слободни удари тој му сугерираше на Рајс како да шутира.

Велат дека Жовер е најдобар тренер за прекини.

Арсенал – Реал Мадрид 3:0 на крајот. Вистински потоп на четата на Дон Карло.

Погледнете го видеото и се ќе ви биде јасно:

ПретходноЛШ: Рајс фантастичен, Арсенал фантастичен, “кралевите“ на колена, триумф на Интер во Минхен! (ВИДЕО)
СледноДончиќ исклучен поради пцовка кон навивач, Лејкерси потонаа (ВИДЕО)