Флик кон Јамал: „Доцниш пет минути“! (ВИДЕО)

554

Познато е дека стратегот на Барса Ханси Флик и тоа како сака дисциплина во неговиот тим. Едноставно сака се да биде како што тој ќе каже. Посебно го нервираат доцнењата на тренинзите, а така беше и со Ламине Јамал.

Имено кога младата мега – ѕвезда на Барса дојде на тренингот, Флик му покажа пет прсти, со назнака декла задоцнил пет минути. Следуваше потег на играчот со цел да види дали е точно и го фати својот тренер за рака за да го провери часовникот.

На што Флик го оттурна младиот Ламине и двајцата се насмевнаа.

Дали ова значи дека на утрешниот меч Јамал нема да биде стартер, останува да се види.

 

ПретходноПолувреме: Арсенал не доби пенал, Мбапе имаше зицер, 0:0 е во Лондон, Лаутаро за водство на Интер во Минхен! (ВИДЕО)
СледноРоналдињо откри кој играч најмногу го импресионира оваа сезона!