Екипата на ГРК Охрид одигра одличен меч против актуелниот првак, Пелистер. На крајот бројните повреди, меѓу која и на Ловро Јотиќ во првото полувреме, беа пресудни за крајниот исход. Добра вест е дека повредата на хрватскиот ракометар не е сериозна и деќа наскоро ќе се врати на теренит.
Охриѓани немаат време за тажење, иако можеби заслужија барем бод, бидејќи во петок ги чека нова тешка задача, му гостуваат на Вардар 1961 во меч од третото коло во плеј-офот.
„Црвено-црните“ ги пуштија во продажба билетите за дербито со охриѓани, кои пак најавија максимална борба, иако повторно доаѓаат ослабени. За потсетување, избраниците на Стевче Алушовски на домашен терен имаа шанса да дојдат до победа против Вардар, пропуштија голема позитива, на крајот останаа и без бод.
„Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние сме подготвени. Имаме неколку повредени играчи, но тоа нема да не спречи да го дадеме најдоброто од себе“, порача Грузискиот репрезентативец Теимураз Орјоникидзе