Утре од 21 часот, во меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите, Барселона го дочекува Дортмунд. Ова ќе биде прв меч, реваншот во Германија се игра следната недела.
Реално Барса е голем фаворит и се освен пласман на четата на Ханси Флик во следната фаза ќе биде големо изненадување.
Сепак така не мисли Дитмар Хаман, некогашен репрезентативец на Германија, некогашен играч на Баерн Минхен, Ливерпул, Њукасл и Манчестер Сити.
Тој не само што смета дека Дортмунд ќе излезе како победник од овој двомеч, туку тоа ќе го направи убедливо:
“Сметам дека Дортмунд добро е подготвен, ќе ја збрише Барса и ќе оди во полуфиналето. Да, Барса постугнува многу голови зошто има екстра напаѓачи, но Дортмунд знае да се справи со тоа, знае што е потребно да се стори“ посочи Хаман.
Навистина неверојатна изјава.