ЛШ: Рајс фантастичен, Арсенал фантастичен, “кралевите“ на колена, триумф на Интер во Минхен! (ВИДЕО)

346

Вечерва се одиграа двата први мечеви од 1/4 финалето во во ЛШ. Спектакл во Лондон, спектакл и во Минхен.

Арсенал – Реал Мадрид 3:0 на „Емирејтс“. Уф, каков меч одигра Арсенал – ФАНТАСТИЧЕН.

Реал Мадрид одамна не сме го виделе така немоќен, надигран, торпедиран. Дали уште вечерва во Лондон тимот на Дон Карло се прости од одбрана на престолот.

Делклан Рајс со два фанастични гола од слободни удари, во 58. и 70.минута, за да Мерино во 75.минута зголеми на 3:0.

 

Четата на Микел Артета имаа шанси да му нанесат вистинска катастрофа на Реал, да не говориме дека во првиот дел не им беше досуден чист пенал.

Баерн Минхен – Интер 1:2 на вториот меч вечерва. Лаутаро со прекрасен гол во првиот дел му донесе водство на тимот од Милано, за да во 85.минута Томас Милер израмни на 1:1. Сепак во 88.минута Фратези одново му носи водство на својот Интер, и победа.Image

Реваншите во Мадрид и Милано се играат следната среда.

ПретходноРоналдињо откри кој играч најмногу го импресионира оваа сезона!
СледноРајс го “торпедираше“ Реал, ама погледнете кој “диригираше“ од клупата на Арсенал и не е Артета! (ВИДЕО)