ЛШ – 1/4 финале: Арсенал против “кралевите“, Интер на гости кај баварската гордост во Минхен! (ФОТО)

116

Вечерва со првите мечеви од 1/4 финалето продолжуваат возбудувањата во Лигата на Шампионите. Тука се осумте најдобри екипи оваа сезона во најсилното европско клупско натпреварување.

Вечерва од 21 часот на програмата се две дербија. Првото е во Лондон на „Емирејтс“, каде Арсенал го дочекува бранителот на трофејот, Реал Мадрид. Без разлика на резултатот, јасно е дека вечерва нема ништо да се знае, севкупниот победник ќе биде решен следната недела во Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ во реваншот. Иако обременет со повреди на неколку свои стандардни играчи, Микел Артета е оптимист дека може да се мине оваа пречка. Во случај тоа да се случи, тогаш во полуфиналето Арсенал би се сретнал со победникот од двомечот ПСЖ – Астон Вила.May be an image of soccer, football and text that says 'TUESDAY FIRSTLEGS FIRST LEGS Arsenal VS C F FC BAYERN MUNCHEN VS OЛИ'

Во Минхен на „Алијанц Арената“ исто од 21 часот, се среќаваат Баерн Минхен и Интер. Тоа е европска класика. Интер е во мала предност ако се знае со какви проблеми се соочува баварска гордост, речиси цела одбрана е во „аут“, но Баерн си Баерн. Германскиот гигант знае да одигра најдобро кога е најпотребно.

Интер е мала предност и поради тоа што реваншот се игра следната недела на „Џузепе Меаца“ во Милано. Познато е одамна дека победникот од овој двомеч во следната фаза ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Барселона и Дортмунд.

ПретходноБекам е подготвен да влезе во „војна“ со С.Арабија за играч на Сити?
СледноПандев ќе ги предводи ветераните против Бугарија