Женската македонска фудбалска репрезентација со високи и убедливи 3:0 загуби предмалку на гоастувањето кај Косово, во рамките од групната фаза од Лигата на нациите.
Во меч во кој противникот беше убедливо подобар, нашите девојки немаа ама апсолутно никакви шанси за поволен резултат, а Косово знаеше и тоа како да ги казни нашите грешки.
Со двата гола на Бичкај и на оној на Мети, Косово ја забележа втората победа во оваа група, двете против нашиот тим.
Македонија и натаму е без бодови на последната позиција.