Во недела (13.04.2025) на програмата се сите шест средби од 27.коло во нашата елитна лига. Со оглед на тоа дека и Вардар и Работнички се домаќини и не можат да играат во исто време на Арената, а поради фактот дека клубот од Дебар Маало има предност, одлучено е клубот од Дебар Маало во ова коло да биде домаќин на Арената “Тодор Проески“ во недела од 16 часот на средбата против Струга ТЛ.
Вардар пак својот меч против Тиквеш во исто време ќе го одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје.
Во Скопје во недела се игра уште еден меч и тоа на Маџари, во кој Гостивар го дочекува составот на Шкупи.
На останатите средби од ова 27.коло се среќаваат Пелистер – Брера, Шкендија – Воска и Силекс – Беса.