Полувреме: Арсенал не доби пенал, Мбапе имаше зицер, 0:0 е во Лондон, Лаутаро за водство на Интер во Минхен! (ВИДЕО)

128

Завршија првите полувремиња од првите четвртфинални мечеви во ЛШ. Во Лондон на „Емирејтс“ домашниот Арсенал и Реал Мадрид играат 0:. Треба да се каже дека домашните во еден момент, по играњето со рака на Раул Асенсио бараа пенал, но не добија. Мбапе имаше зицер, но не го искористи. Се чини дека Арсенал беше подобар, имаше и неколку закани но Куртоа го спасуваше Реал.

Во Минхен гостите од Милано со прекрасниот гол на Лаутаро имаат водство. Се играше 39.минута кога по една контра, капитенот на Интер успеа да ја затресе мрежата на Баерн Минхен за 0:1.

Претходно Кејн немаше среќа, ја погоди стативата на Интер.

ПретходноШабани пред утрешниот меч Шкендија – Струга ТЛ: Грев е да се игра полуфинале од Купот без навивачи!
СледноФлик кон Јамал: „Доцниш пет минути“! (ВИДЕО)