Пролетна табела: Вардар при врвот во друштво на Шкендија и Силекс!

1591

Откако минаа осум кола од пролетниот дел, редно е да се направи анализа за тоа што се случуваше во досегашниот дел од пролетната полусезона. До крајот остануваат уште седум кола, значи некаде сме на средина и сега е вистинското време за вакво нешто. Јасно е дека анализа не се прави по пет кола.

Сите екипи одиграа по 8 натпревари и на врвот на оваа пролетна табела е Шкендија со 19 бодови.Со шест победи, едно реми и само еден пораз, тетовци освоија 19 бода и заслужено се први.

Второто место го делат Силекс и Вардар со по 15 бодови. Вардар преводен од Гоце Седлоски оваа пролет блеска, заедно со куп мечот со Сиклекс, овој тим е во серија од 8 меча без пораз. Кратовци имаат само подобар гол разлика, за еден гол, и затоа се втори а Вардар трет.

Убаво кажа некој, ако во февруари стартуваше сезоната, тогаш јасно е дека нашиот најтрофеен клуб ќе се бореше за титулата, барем според пролетните настапи.

Работнички е четврти, се чини можеше и мораше подобро овој тим. Сепак и пролетва најголемото разочарување е сеуште актуелниот шампион, тимот на Струга ТЛ кој освои само 10 бода. Ни новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски не успеа да го “разбуди“ веројатно најсилниот тим по имиња во ПМФЛ.

Гостивар е посебна приказна, а повеќе се очекуваше и од Пелистер. Повеќе од јасно дека Брера уште сега може да се подготвува за Втора Лига.

Ова е пролетната табела по осумтте кола, од 19 па до 26.

ТАБЕЛА

1.ШКЕНДИЈА 19 (12:8)

2.СИЛЕКС 15 (17:9)

3.ВАРДАР 15 (12:5)

4.РАБОТНИЧКИ 12 (4:5)

5.ШКУПИ 11 (9:7)

6.БЕСА 11 (8:13)

7.ВОСКА 10 (9:7)

8.СТРУГА ТЛ 10 (11:10)

9.ПЕЛИСТЕР 10 (7:11)

10.ГОСТИВАР 9 (6:8)

11.ТИКВЕШ 8 (6:8)

12.БРЕРА 2 (5:14)

*Во загради е гол разликата

-Ниту една екипа не останала непоразена, Шкендија, Силекс и Вардар имаат по еден пораз

-Само Брера нема победа во пролетниот дел

-Најефикасен тим со 17 голови е Силекс, следуваат Вардар и Шкендија со по 12 голови

-Работнички постигнал само 4 голови а освоил 12 бодови, овој тим е најнеефикасен, дури и Брера има повеќе голови

-Вардар и Работнички со по 5 голови имаат најдобри одбрани оваа пролет

ПретходноЛотито потврди дека тренерот на Лацио ќе добие нов договор
Следно“Дортмунд ќе ја збрише Барселона!“