Арсенал сакаше летово да ги засилат своите редови со одличниот Нико Вилијамс, но како што стојат работите ништо нема да излезе од тоа.
Според пишувањата на шпанските медиуми, надежите на Арсенал за потписот на Вилијамс се завршени, а причината се огромните барања за плата на играчот кои ги изненадија сите во тимот на Емирати.
Спортскиот директор веќе го насочил вниманието кон доведување на уште двајца играчи наместо Ница Вилијамс, пренесуваат шпанските медиуми.
Откако се одржал состанок помеѓу спортскиот директор на Арсенал Берта и претставниците на Вилијамс настана проблем. Тој наводно барал да биде најплатен играч на Арсенал за да дојде во овој клуб, а Берта не бил подготвен да му го понуди тоа.
Каталонски „Спорт“ тврди дека Ханси Флик дал зелено светло за доаѓањето на Ник Вилијамс. Имено, раководството на Барса ќе ги продолжи преговорите со играчот и неговите агенти и ќе се обиде да најде позитивен исход за двете страни.