Србија пресилна за нас на „Миљан Миљаниќ“

453

Македонската репрезентација до 16. години предмалку на стартот на турнирот Миљан Миљаниќ во Стара Пазива, Србија, загуби од домаќинот со конечни 2:0.

Нашиот национален тим реално немаше сили денеска да го изненади реално далеку поквалитетниот противник. Србија има одлична генерација во оваа возраст, а тоа на терен го покажа во сите деведесет минути. Рано примивме гол, потоа Србија имаше уште неколку ситуации да го удвои водството. Тоа се случи во вториот дел кога на домаќинот му беше досуден пенал, кој пак беше и реализиран.

На овој турнир учевствуваат уште Црна Гора и Унгарија.

 

ПретходноСудии за Куп: Трпчевски “главен“ под Шара, Бафто ќе им суди на Вардар и Брера
СледноЛотито потврди дека тренерот на Лацио ќе добие нов договор