Марк – Андре тер Штеген, голманот и капитенот на Барса на стартот од тековната сезона се здоби со тешка повреда, кинење на лигаментите. Мораше долго да паузира, сепак рехабилитацијата оди и повеќе од брзо, па така тој деновиве се врати на тренинзите со тимот, иако засега само трча кругови.
Од Барса сметаат дека тој ќе му се стави на расплогање на тренерот Ханси Флик, за самиот финиш на сезоната.
Сепак капитенот веднаш доби непријатни вести од својот тренер, исто Германец, Ханси Флик.
И двајцата имале подолг разговор во кој Флик му кажал дека тој ќе биде втора опција, дека до крајот на сезоната прв голман ќе биде Војчех Шчесни кој брани во фантастична форма и дека за следната сезона мора да се избори за првотимскиот статус.
По ова капитенот на Барса бил просто шокиран.