ФК Вардар со соопштение: Гледачите за натпреварот со Црвена Звезда да пристигнат до 19:30

4090

Од ФК Вардар предмалку пристигна официјално соопштение со насоки околу организацијата за претстојниот хуманитарен дуел против тимот на Црвена Звезда кој е закажан за следната среда односно на 16 април.

Во истото се наведува дека управата на клубот ги повикува навивачите да пристигнат барем половина час пред почетокот на мечот, односно во околу 19:30 часот за да се избегнат гужвите пред влезот на Арената.

До сега според официјалното соопштение, се продадени преку 15.000 билети за овој меч.

Соопштението во ги пренесуваме во целост.

Хуманитарниот натпревар во корист на настраданите од трагедијата во Кочани, помеѓу ФК Вардар од Скопје и Црвена Ѕвезда од Белград, предизвикува огромен интерес. На 9 дена до натпреварот продадени се повеќе од 15.000 билети.
Заради тоа управата замолува посетителите да влезат на стадионот најмалку половина час порано, односно околу 19.30 часот. Со цел да се избегнат гужвите при влегувањето.
   Фан зоната на гостинскиот клуб ќе биде лоциарана кај фонтаната во Градскиот парк. Ги замолуваме гостинските навивачи да купуваат влезници за Источната трибина.
Билетите се стриктно нумерирани и броени, така да нема да има никакво неовластено и прекумерно влегување на натепреварот.
   Возила без VIP и V-VIP акредитации нема да можат да велгуваат и да се паркираат околу стадионот, односно нема да можат да се движат во правец на стадионот подалеку од Министерството за земјоделство.
   Влезот за хендикепирани лица кои се движат со помош на инвалидски колички ќе биде од сервисниот влез на југо-исток, а ќе можат да бидат придружувани од едно лице. За тие лица да можат да добијат билет/дозвола за влез, предходно треба да се пријавата на

e-mail: [email protected]

   Сите новинари и фоторепортери што сакаат да присуствуваат на натпреварот мора да побараат специјална акредитација на

e-mail: [email protected]

Редовните акредитации за сезоната 2024/25 за овој натпревар нема да важат.

   ФК Вардар – Скопје

ПретходноПанче Стојанов ќе го „гаси“ пожарот во Брера
СледноНесреќен пораз на Македонија во дуелот со Норвешка