Легендарниот италијански тренер Роберто Манчини по 28 години се враќа во Сампдорија како спортски директор. Ситуацијата во клубот никогаш не била полоша, долгот е 175.000.000 евра, а за прв пат во историјата му се заканува испаѓање во Серија Ц.
Манчини ќе се обиде да му помогне на тимот, каде што се влечат опашки од периодот кога претседател беше Масимо Фереро.
Клубот едвај доби лиценца за натпреварување, а во еден момент дури му се закануваше и ликвидација поради огромните долгови кон поранешните играчи и тренери.
Покрај функцијата спортски директор, промени ќе има и на тренерското место, кој сега ќе биде Алберико Евани, член на легендарната генерација на Милан.
Сега веќе поранешниот селектор на Саудиска Арабија ќе има одврзани раце во клубот за да се обиде да му го врати стариот сјај.