Пандев ќе ги предводи ветераните против Бугарија

308

Со Горан Пандев на чело, нашата селекција на ветерани ќе му се спротивстави на соодветниот тим на Бугарија во закажаниот хуманитарен дуел помеѓу овие две селекции.

Фудбалските великани на Бугарија и Македонија на 27. април во 17:00 часот ќе одиграат хуманитарен натпревар во Варна, Бугарија.

Секако истиот дел од кампањата за собирање средства за настраданите во трагедијата во Кочани. Во нашиот табор покрај Пандев секако, ќе бидат и повеќето од членовите на првата генерација на репрезентативци кои го одиграа првиот меч во Крањ.

Организатор на хуманитарниот натпревар е фондацијата „Национали 94“, односно славната генерација на Бугарија од Светското првенство 1994 година која остави длабока трага во светскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На натпреварот за Бугарија ќе настапат легендарните фудбалери предводени од Христо Стоичков, потоа Борислав Михајлов, Емил Костадинов, Јордан Лечков, Сираков, Јорданов, Генчев, Красимир Балаков, од помладата генерација Валери Божинов.

ПретходноЛШ – 1/4 финале: Арсенал против “кралевите“, Интер на гости кај баварската гордост во Минхен! (ФОТО)
СледноУтре Вардар без Мато во куп полуфиналето против Брера