Утре Вардар без Мато во куп полуфиналето против Брера

924

Утре со почеток од 16:00 часот на програмата е полуфиналето од купот на Македонија во кој се среќаваат Вардар и Брера. На Арената Тодор Проески овие два тима во само три дена се среќаваат по втор пат откако Вардар на Благој Истатов во Струмица во неделата во рамките од ПМФЛ колото триумфираше со 0:2.

Сега, црвено – црните имаат пред себе императив на триумф за да конечно обезбедат пласман во куп финалето по долги години, но ќе мора истото да го направат без интернационалецот од Уганда, Мато кој е повреден. Тој во херојскиот подвиг во Битола, кога Вардар со неговите два гола победи против Пелистер, се здоби со удар, и истиот му задава болка веќе неколку дена. Исто така во составот нема да биде ниту Динаеси.

Сепак, во моментов Вардар има и повеќе од доволно повеќе офанзивни оружја за да се справи со предизвикот наречен Брера и полуфинале во купот на Македонија.

 

ПретходноПандев ќе ги предводи ветераните против Бугарија
СледноПокренато обвинение за навивачот кој го нападна Грилиш на дербито со Јунајтед