Каков “земјотрес“ во Денвер. Имено Мајк Мелоун доби отказ и тоа значи дека Никола Јокиќ ќе добие нов тренер. Сменет е и генералниот менаџер Калвин Бат.
Секако дека ова доаѓа по лошата серија на тимот кој пред две сезони беше првак во НБА и токму со Мелоун. Бадијала блескавите игри на Србинот, но поразите се редеа.
Ова доаѓа по стартот на плеј – офот.
Мелоун е еден од оние кои и тоа како со својата работа му помогна на Јокиќ да стане најдобриот кошаркар во светот.