Иако не сака да си оди, иако договорот со Реал Мадрид му истекува во јуни наредната година, се чини дека Карло Анчелоти по завршување на оваа сезона ќе мора да го напушти. Ова го велат инсајдери од клубот, посебно по вчерашната бламажа на „Емирати“ во Лондон.
Уште повеќе, познатиот новинар Пако Гонзалез, вели дека оваа одлука е донесена и пред мечот со Арсенал.
Тоа значи, барем според него, дека Чаби Алонсо уште во јуни ќе го превземе Реал Мадрид и дека ќе има неколку промени во тимот, во играчкиот кадар.
И уште повеќе, Реал и Чаби веќе имале договор, и тој ќе почне да тече од јуни 2025 година.
По се ова дали Дон Карло ќе замине во Бразил или не? Тоа останува да се види.
“Марка“ денеска пренесува дека сеуште нема дефинитивна одлука, но истата каква и да е, нема да биде изненадување. Перез ќе решавал во текот на следната недела.