Ветеранот во НБА лигата, Крис Пол вели дека разговорот со неговото семејство ќе му помогне да одлучи дали ќе ја заврши кариерата по завршувањето на оваа сезона или ќе остане на терените најмалку уште една година.
„Никогаш не знаеш каде ќе те одведе кариерата, твојот пат. Никогаш не мислев дека ќе завршам овде во Сан Антонио. Дури и да се пензионирав без да дојдам овде, сепак би го сакал да го запознаам Грег Попович. Јас сум неверојатно возбуден што создадов врска со овие момци што ќе трае цел живот. Колку повеќе минуваат годините, толку повеќе разговори со семејството, со децата. Конечната одлука во голема мера зависи од нив“, изјави ветеранот на Спарс.
Пол (39) по оваа сезона ќе стане слободен играч.