ЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Рафиња за водство на Барса, Астон Вила има реми во Париз (ВИДЕО)

103

Барселона постигна само еден го во првите 45 минути на мечот со Борусија (Д), иако според играта заслужи и поубедливо водство на овој денешен меч од четвртфиналето на ЛШ. Каталонците водат со 1:0 на полувремето благодарение на голот на Рафиња во 25. минута, откако Кубарси успеа да упати една одлична топка на гол-линијата на гостинскиот гол, а Бразилецот само ја спроведе во мрежата.

Првиот дел во Париз донесе два гола и нерешени 1:1. Гостите изненадувачки од првиот упатен удар во рамката на голот на Донарума дојдоа во водство благодарение на Морган Роџерс. четири минути по водечкиот гол за гостите, ПСЖ возврати со еден проектил на Дуел во 39. минута за 1:1. ПСЖ имаше многу повеќе од играта, но тактиката на Унаи Емери засега носи резултат.

ПретходноТоти: Знаете колку Златни топки би освоил Меси ако беше 25 години во Рома? Ниедна!
СледноМакедонските ракометарки избегнаа фијаско во Полска