Шок во Монте Карло: Новак елиминиран уште на стартот!

551

И натаму нема ништо од 100-тиот трофеј за Новак Ѓоковиќ. Имено Србинот попладнево беше поразен и со тоа елиминиран уште на стартот од АТП Мастерсот во Монте Карло. Алехандро Табило од Чиле, успеа да слави со 2:0 во сетови (6:3 и 6:4) и со тоа го елиминираше најдобриот тенисер во историјата.

Интересно, ова беше нивни втор дуел и втора победа за Чилеанецот. Мечот траеше час и половина, а освен на стартот Новак подоцна ги покажа сите свои слабости кои ги има во последните неколку месеци. Во вториот сет Табило постојано беше во предност и на крај заслужено победи.

ПретходноКуп 1/2 финале: Вардар убедлив, Укпа и Радески ја “смрзнаа“ Шкендија! Се наѕира финале Вардар – Струга ТЛ! (ВИДЕО)
СледноСкандал во Тетово: По мечот Шкендија – Струга ТЛ, претепан Марјан Радески! (ФОТО)