Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше пресреќен по победата над Реал Мадрид (3:0). „Топчиите“ го скршија шпанскиот гигант со двата гола на Деклан Рајс и голот на Микел Мерино, доближувајќи ги до полуфиналето на Лигата на шампионите.
“Горд сум. Нашата игра беше совршена. Направивме се што ни требаше за да победиме. Никогаш досега не сум видел таква атмосфера на стадионот, а головите на Рајс беа вистинска магија. Тие го олицетворуваат нашиот целокупен настап”, изјави Артета.
И пред мечот тој најави дека мора да веруваат во победа доколку навистина сакаат да приредат една ваква вечер на своите навивачи. Артета предупреди дека се на половина пат и дека ќе мора да бидат уште подобри за реваншот.
“Бев убеден дека е можно да се победи. Уште пред натпреварот чувствував дека сме способни да му нанесеме големи проблеми на Реал Мадрид. Сепак, моравме да го извршиме нашиот план. А за тоа беше важно да веруваме во себе и да излеземе со правилен став. Го направивме тоа, но тоа е само половина од битката.
Нема друга екипа против која мотивацијата е поголема. Реал е најуспешен клуб на турнирот, со голема разлика. Сега ќе уживаме во победата, но знаеме дека во Мадрид ќе мора да играме уште подобро”, предупреди Артета.
Реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ е на 16 април, а конечниот победник за пласман во финалето ќе се соочи со Пари Сен Жермен или Астон Вила.