Дури сега се гледа Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот во каков хаос играл во Денвер, и имал и тоа како фантастични резултати.
Сепак, тешко е за верување дека Србинот би останал во Нагетси и натаму. По се она што се случи вчера, кога отказ добија тренерот Мелоун и генералиот менаџер а за тренер беше назначен Аделман, познавачите на НБА приликите велат дека Никола Јокиќ во блиска иднина би можел да направи трансфер во ЛА Лејкерси или пак да биде трејдуван во еден од најспектакуларните тимови во светот. Таму се Леброн Џејмс и Лука Дончиќ, и ако дојде и Јокиќ тогаш јасно е дека овој тим ќе биде главен фаворит за трофејот во најсилната лига.
Евнтуалното доаѓање во ЛА Лејкерси, медиумите во САД го посочуваат како “бомба“ во најава.
И велат дека тоа нималку не е невозможна мисија.