Вардар – Брера 3:0 и Шкендија – Струга ТЛ 1:2. Ова е епилогот од првите мечеви во полуфиналето во Купот на Македонија.
Вардар има супер шанси, со оглед на оваа убедлива победа, по цели 18 години да игра финале во Купот. Јасно е дека реваншот на 23 април се игра во Струмица, но тешко дека Брера ќе може нешто да стори. Вардар попладнево одигра рутнски и повторно победи. Брера имаше шанса на 0:0 прва да дојде до водство, но кога тоа не го стори, Вардар стапи на сцена и со головите на Сенгор, Матиќ и Закариќ дојде до убедлива победа. И повторно Спахиу одигра одлично, за првиот гол тој ја нафрли топката, а за вториот беше директен асистент за голот на Матиќ во таа 45.минута. Во второто полувреме по додавањето на Босанчиќ, капитенот Закариќ стрелаше за убедливи 3:0 во таа 56.минута.
Брера колку и да се трудеше сепак беше немоќна, Вардар и денеска се покажа како преголем залак за струмичани кои денеска за првпат беа предводени од новиот шеф Панче Стојанов.
По Шара, лидерот во ПМФЛ не само што не успеа да дојде до предност против сеуште актуелниот шапион, туку беше и поразен.. Бадијала прекрасниот гол од корнер на Флорент Рамадани во таа 36.минута, кога во второто полувреме големиот кикс на потесната одбрана на тетовцј ја искористи Укпа за да израмни на 1:1 во таа 53.минута. Радески, екс играчот на Шкендија, по асистенцијата на Укпа, успеа во 83.минута да му донесе водство на гостите од 1:2.
Сега Струга ТЛ е на потег. Реваншот на 23 април се игра во Струга и ете шанса за оваа екипа по вторпат во својата историја да биде дел од големото финале во Купот на Македонија.