Македонската женска ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) го првиот меч бараж меч против Полска за пласман на Светското првенство 2025 година кое ќе се одржи во Германија и Холандија.
За оваа средба се врати левиот бек Леонида Гичевска, која не беше повикана за Европското првенство од страна на селекторот, Кристијан Грчевски, но за жал поради повреда отпадна од списокот за мечот против Полска на гостински терен.
Нашите ракометарки ќе имаат тешка задача против фаворитот на овој бараж двомеч, ќе играат пред полни трибини во салата во Кошалин. Според информациите, двете репрезентации имаат одиграно три меча, сите три завршиле во корист на Полска.
Македонија последен пат на СП играше пред 18 години во 2007 година, додека играше во 1997, 1999, 2001 и 2005 година.
Реваншот со Полска е во сабота во салата „Боро Чурлевски“.