Ракометниот македонски репрезентативен голман, Мартин Томовски си заминува од германскиот лигаш Потсдам и наскоро ќе има нов клуб.
Ова го потврди и самиот клуб, кој што најави заминување на нашиот голман, но и на уште четири други играчи во големата реконструкција на тимот кој што ќе се случи летово. Покрај Томовски заминуваат и Горпишин, Шрам, Хансон и Ферјан.
Сето ова нормално се случува поради статусот на тимот кој што не обезбедува Бундеслигашки статус за следната сезона.