Не велиме конечно, има да се игра и реванш во Струмица, но јасно е дека по денешните 3:0 на Арената “Тодор Проески“, финалето во Купот на Македонија е на дофат. Вардар има златна шанса по цели 18 години да се најде во завршницата на нашето најмасовно клупско натпреварување.
Исто така Гоце Седлоски, стратегот на Вардар има златна шанса конечно како тренер да предводи тим во едно големо финале во Купот на Македонија.
Вардар денеска одигра рутински, обезбеди убедлива победа од 3:0, ги израдува своите верни фанови и со тоа ја продолжи серијата од девет меча без пораз оваа пролет.