Полувреме: Вардар има 2:0, под Шара Флорент Рамадани директно од корнер го совлада Ќосевски

613

Завршија првите полувремиња од првите мечеви во 1/2 финалето во Купот на Македонија.

Вардар на Арената “Тодор Проески“ во Скопје води со 2:0 против Брера. Прво во таа 27.минута Спахиу убаво нафрли пред голот на гостите, тука со глава играа Закариќ и Дурански, а Сенгор речиси од гол линијата само го потврди водството на Вардар. Во 45.минута по асистенција на Спахиу, на Матиќ му беше доволно само да се поклони за 2:0.

Брера во 14.минута имаше двојна супер шанса за водство, но Олаосебијан и Ндзенгуе не успеја да го совладаат Талески. Спахиу во 18.минута можеше подобро да реагира пред голот на гостите, но напаѓачот на Вардар не успеа да ја зафати топката како што посакуваше.

Во Тетово, каде играат Шкендија и Струга ТЛ, домашните имаат водство од 1:0 и тоа со прекраснио, мајсторскиот гол на Флорент Рамадани во 36.минута кога успеа да го совлада Ќосевски директно од корнер.

Претходно“Бомба“ во најава: Јокиќ во ЛА Лејкерси?! И не е невозможна мисија!
СледноЛаутаро: Докажавме што можеме против голем тим и заслужуваме да го носиме овој дрес