Ристовски и Адеми останаа без тренер, Динамо му врачи отказ на Канаваро

212

Фабио Канаваро повеќе не е тренер на тимот на Динамо Загреб. Оваа вест ја пренесуваат дел од медиумите во Хрватска кои потврдуваат дека италијанецот е сменет по серијата лоши резултати.

Кулминацијата и поразот од Истра од 3:0 беше премногу за гигантот од Загреб, кој што вината секако ја побара и ја најде во тренерот.

Канаваро не го преживеа Динамо Загреб кој што очигледно беше преголем залак за него, па сега останува да се види за кого управата ќе се одлучи да ја доигра сезонава што се вели, за на лето да се наоѓа дефинитивното решение.

Ова значи дека Стефан Ристовски и Аријан Адеми ќе дочекаат уште еден нов тренер во соблекувалната, нешто на што периодов и тоа како се навикнати да го прават.

 

ПретходноОфицијално: Судиите на СКП ќе бидат опремени со камери!
СледноЛШ 1/4 финале: Моќната Барса против Дортмунд, страшниот ПСЖ на мегдан со Астон Вила