По денешниот инцидент кој се случил по мечот од полуфиналето во Купот на Македонија во Тетово меѓу екипите на Шкендија и Струга ТЛ во кој бил нападнат фудбалерот на гостите, Марјан Радевски, вечерва со информација во јавноста се јавија стружани.
„Инцидентот предизвикан денеска против нашиот играч Марјан Радески по натпреварот против Шкендија, дури и по сопственото објаснување на играчот во полиција, нема никаква врска со фудбалот, а уште помналку со Шкендија или со нивните навивачи. Ја користиме можноста да се заблагодариме на домаќинот, кој како и секогаш беше гостопримствлив за нашиот клуб, нашето раководство и нашите играчи“, се вели во соопштението од Струга ТЛ.