Вечерва фановите на Ливерпул се во транс. Имено како што пренесуваат релевантни извори, а и медиуми, Мохамед Салах, најдобриот фудбалер на “Редси“ и еден од најдобрите во светот, се согласил со новата понуда од раководството на клубот и нагласил дека останува на “Енфилд“ и дека ќе потпише нов договор.
Ова секако дека се супер вести за сите во Ливерпул. Познато е дека со месеци наназад Ливерпул и “Фараонот“ никако не можеа да најдат заеднички јазик околу продолжување на соработката, а притоа тој имаше баснословни понуди од клубови од Саудиска Арабија, па и од ПСЖ.
Сепак, сега веќе нема ништо од тоа, Салах и натаму ќе го носи дресот на Ливерпул. Пред два дена беа потврдени информациите дека и Вирџил ван Дајк се согласил за продолжување на соработката.
Ова се информации кои секако најмногу го радуваат менаџерот на клубот, Арне Слот.