Балисти сакале да навиваат од скеле, МВР и инспекторатот им го демонтирал

2284

Пред денешниот полуфинален дуел од купот на Македонија во Тетово, помеѓу екипите на Шкендија и Струга Трим Лум навивачката груша Балисти се одлучи на „Герила“ потег, кој за нивна жал беше осуетен од институциите.

Навивачите на Шкендија, која секако е казнета да игра без гледачи поради непочитување на едноминутниот молк на дуелот со Брера од ПМФЛ шампионатот, се одлучија да постават скеле пред централната трибина на Градскиот стадион во Тетово и на тој начин на „шверцерски“ да се обидат да го гледаат натпреварот.
Секако, овој нивен обид бил веднаш сопрен од страна на Министреството за Внатрешни Работни на Македонија, како и на ресорниот орган при општина Тетово.

Сега, „Балистите“ се жалат дека ова не е праведно, па се повикуваат на некогашните ветувања дека стадионот требало одамна да биде готов со реновирање, а не да бидат манипулирани од институциите.

Како и да е, денеска Шкендија и Струга ќе играат без гледачи. И без скелиња.

 

ПретходноЛШ 1/4 финале: Моќната Барса против Дортмунд, страшниот ПСЖ на мегдан со Астон Вила
СледноМартин Томовски ќе има нов клуб