Македонските ракометарки избегнаа фијаско во Полска

663

Македонската женска ракометна репрезентација е поразена од Полска со 22-18 на првиот бараж меч за пласман на Светското првенство. Негативата од четири гола е најава дека патот кон оставрување на мундијалскиот сон е потежок на реваншот во Битола во сабота. На нашите девојки за изненадување ќе им биде потребна игра како во самиот финиш, но самиот почеток па до крајот.

Избраничките на Кристијан Грчевски беа рамноправен противник само во првите 20 минути кога беше 8-6. Полските ракометарки на дело покажаа зошто се фаворити на оваа средба, на одморот заминаа со водство од шест гола (14-8). После одморот за кратко време поведоа со двоцифрени 21-11 и 22-12.

До крајот беше само чиста рутина за Полска која на момент се опушти, а Македонија не се предаде. По последните минус 10 со шест гола во низа дојде на 22-18, три погодоци беа на Сара Ристовска. Ова беше и крајниот резултат на пресметката.

Ристовска со осум гола беше прв стрелец, Гакидова, Коларовска и Дамјаноска имаа по два погодоци.

ПретходноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: Рафиња за водство на Барса, Астон Вила има реми во Париз (ВИДЕО)
СледноКрис Пол можеби ја игра последната сезона во својата кариера