Ал Наср му нуди нов двегодишен договор на 40-годишниот Роналдо

547

Кристијано Роналдо би можел да помине уште две сезони во дресот на Ал Наср.

Саудискиот клуб е заинтересиран да ја продолжи соработката со 40-годишниот напаѓач на португалската репрезентација.

Ал Наср веќе му понудил на Роналдо продолжување на договорот за две години, до летото 2027 година, пренесува новинарот Џанлуиџи Лонгари.

Актуелниот договор на Португалецот е до 30 јуни 2025 година. Кристијано оваа сезона постигна 21 гол на 25 натпревари во првенството на Саудиска Арабија и води во трката за најдобар стрелец.

ПретходноКантона: Ретклиф уништи сè, не почитува ништо и никого!
СледноЧелзи може да мисли на полуфинале во КЛ, Бодо го „растури“ Лацио во ЛЕ (ВИДЕО)