Лука Дончиќ за прв пат играше во Далас против Маверикс, клубот во кој се прослави, каде беше суперѕвезда и во кој мина пет и пол години, а потоа шокантно беше трејдуван во Лејкерси. Сето ова се случи на две години пред истекот на неговиот договор.
Дончиќ сега се врати во Далас. Тој прво заплака додека го гледаше видеото што Мавс го направија во негова чест, а потоа ги потсети сите кого точно отпишаа. Тој за 38 минути постигна 45 поени во победата на Лејкерси од 112:97. Така го израмни овосезонскиот рекорд. Тоа веќе еднаш го постигна како играч на Далас и еднаш како играч на Лејкерс.
Luka needed that LeBron hug ❤️ pic.twitter.com/viW7L0PrHl
— Luka Updates (@LukaUpdates) April 10, 2025
Брилијантната партија ја заокружи со осум скока, шест асистенции и четири украдени топки. Кај Лејкерси покрај недопирливиот Дончиќ се истакна Леброн Џејмс со 27 поени и седум скока.
Најдобар стрелец кај Мавси беше Маршал со 23 поени, а додаде и осум асистенции. Ентони Дејвис постигна 13 поени (5/13) со 11 скока и шест асистенции.