Од нигде никаде сериозно се заостри пресметката меѓу Олимпик Лион и Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на Европската лига.
Се започна од голманот на „црвените ѓаволи“ Андре Онан, кој имаше своја најава за првиот меч со изјавата дека неговиот тим е далеку подобар од тимот за кој игра Немања Матиќ.
Токму играчот од средниот ред на Олимпик, а патем и поранешен играч на Јунајтед, на прес-конференцијата му одговори на Онани со уште поостри зборови.
„Знаеш, јас ги почитувам сите, но кога ќе кажеш нешто такво, заслужуваш одговор. Ако си еден од најлошите голмани во историјата на Манчестер Јунајтед, треба да внимаваш што зборуваш. Ако тоа го кажеа Давид де Хеа, Питер Шмајхел или Ван дер Сар, јас ќе се преиспитав“, рече Матиќ.
Онана не молчеше, но следеше нов одговор преку социјалната мрежа „Х“. Се обиде да ги смири страстите, па повторно ги разгоре.
“Никогаш не би покажал непочитување кон друг клуб. Знаеме дека утрешниот натпревар ќе биде тежок, против силен противник. Фокусирани сме на нашата игра за да ги направиме навивачите горди. Дури и освоив трофеи со најголемиот клуб во светот. Некои не можат да го кажат истото”, напиша Онана.
Поради сето ова се огласи и Рубен Аморим, кој „интервенираше“ за конечно да се спуштат тензиите пред дуелот кој вечерва од 21 часот се игра во Лион.
“Во четврток нема да биде важно. Ако ја погледнете целата изјава на Онана, таа е сосема поинаква. Првата реченица е дека Лион е многу, многу добар тим, па мислам дека понекогаш играчите и тренерите не ја слушаат целата изјава. Понекогаш тоа е само недоразбирање и го знам тоа. Го познавам Матиќ, тој е одлично момче. Тоа ќе биде нормална игра.”