ЛЕ: „Луд меч“ во Лион и три ремија во првите четвртфинални пресметки (ВИДЕО)

214

Во вечерното дерби во четвртфиналето на Лигата на Европа видовме „луд меч“ меѓу Лион и Манчестер Јунајтед во Франција, каде резултатот беше 2:2 со голови во самата завршница на средбата.

Натпреварот го одбележа нова грешка на голманот на „ѓаволите“ Андреа Онана, кој е директно заслужен за првиот гол на Лион, но и покрај тоа англискиот тим успеа да дојде до поволен резултат пред реваншот на домашен терен.

Јунајтед со головите на Лени Јоро и Џошуа Циркзе, успеа да дојде до целосен пресврт за 1:2, но возбудувањата не завршија тука, бидејќи Рајан Черки во последните моменти ги врати работите во нормала и израмни на 2:2.

Тотенхем на домашен терен одигра само 1:1 против Ајнтрахт (Ф), додека екипите на Ренџерс и Атлетик (Б) останаа на 0:0 по 90. минути во Шкотска, па реваншот во Баскија ќе решава за место во полуфиналето.

ПретходноКЛ: Чурлинов одигра цел меч во поразот на Јагиелонија кај Бетис (ВИДЕО)
СледноОткриена е мистеријата околу посетата на Тен Хаг на Рим