По големата бура која што во јавноста се крена по вчерашниот инцидент во Тетово, по мечот од Купот на Македонија, помеѓу Шкендија и Струга Трим Лум, а во кој беше инволвиран играчот на Струга ТЛ, Марјан Радески пристигна и официјална информација од Министерството на Внатрешни работи на Македонија. Во истата се потврдува инцидентот и дополнување со детали околу нападот врз некогашниот репрезентативец на Македонија.
„Според пријавеното околу 18.00 часот кај Градскиот стадион во Тетово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу Ф.К. Шкендија и Ф.К. Струга Трим Лум, физички го нападнале во возило со прилепски регистарски ознаки. М.Р. излегол од стадионот го забележал Д.Д., со кого се познавале од порано, а кој го повикал во возилото во кое бил и И.А., по што физички го нападнале“, информираше МВР.
Со ова и официјално се отфрлаат сите шпекулации околу самиот настан и се потврдува вистината околу нападот. Марјан Радески е нападнат од приватни причини кои немаат никаква врска ниту со неговиот матичен клуб Струга ТЛ, ниту пак со домаќинот на вчерашниот меч тимот на Шкендина, чиј што поранешен член е.