Незаборавна шлаканица за Лука Модриќ од соблекувалната на Реал Мадрид

9071
Фото: ФЦ Реал Мадрид/Твитер

Јавноста во Мадрид тешко го поднесе понижувањето на Реал во Арсенал (3:0) во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, па на големо се зборува за бројни недостатоци во тимот. Сега одредени медиуми јасно го напаѓаат Лука Модриќ и тврдат дека во соблекувалната нема вистински лидер.

Лука Модриќ беше назначен за капитен на Реал. Одлуката да му се додели лентата е донесена по заминувањето на Начо Фернандез, а прв заменик стана Дани Карвахал.

Модриќ и Карвахал се играчите со најдолг стаж во првиот тим и немаше преголема дилема, но Релево наведува дека проблемот во соблекувалната е всушност тоа што Лука не е вистински лидер.

„Извори од велат дека во соблекувалната недостасуваат лидерите кои ги имаа минатата сезона. Дани Карвахал го нема поради повреда, а Тони Крос и Начо си заминаа“, наведува Релево.

Овие зборови на мадридскиот весник се јасен напад на Модриќ. Лука никогаш не бил гласен, па често бил критикуван дека нема лидерски способности и дека не влијаел премногу на тимот.

Покрај тоа што нема лидер во соблекувалната, жалбата на тренерскиот тим е што играчите не ги почитуваат договорите на теренот.

„Тренерскиот тим тврди дека играчите не ги следат нивните упатства на теренот. Клубот, пак, смета дека Карло Анчелоти не е единствениот виновен за лошите настапи. Тие се разочарани од одредени играчи, особено од напаѓачите. Тие се убедени дека и тие се виновни“, се наведува.

Дефинитивно се очекуваат промени во новата сезона. Извесно е дека Карло Анчелоти нема да седне на клупата на кралскиот клуб и се очекува доаѓањето на Чаби Алонсо.

Нема да има премногу промени во тимот. Алонсо најверојатно ќе работи со речиси истиот тим со мали промени.

ПретходноДали Вардар и Пелистер се „збратимија“ во име на Алкалоид?
СледноСе правеше дека ништо не се случува додека навивачите со овации го поздравија Дончиќ (ВИДЕО)